ул. Никола Русински бр.1
1000 Скопје, null

Проекции: 05 и 07.02.2013 (вторник и четврток), 20.00 часот

„Бескрајна љубов“

Пред својата смрт, познатиот композитор Лудвиг ван Бетовен ќе остави писмо упатено кон неговата “бесмртна љубов”, без воопшто да навести кој се крие зад тој идентитет. Неговиот близок пријател Антон Шиндлер ќе пројави голема љубопитност и ќе започне да се распрашува кој се крие зад непознатиот идентитет. Ќе почне да се среќава со личности од животот на големиот музичар и ќе разоткрие не само како се одвивал професионалниот, туку и приватниот живот на Бетовен. На своето патешествие сретнува три жени кои наводно го обележале животот на композиторот. Првата од нив е Јохана Раис, сопруга на Лудвиговиот брат, чиј син Карл, Бетовен не само што го обожувал, туку и имал и големи планови за него. И покрај тоа, со Јохана останал во лоши односи. Другите две жени кои заземале посебно место во животот на Бетовен, Шиндлер ќе открие, биле италијанката Џулиета Џакарди, негова ученичка и поддржувач, и постарата но и помудра унгарска грофица Ана-Марија Ердоди, која живеела со композиторот во периодот кога во јавноста веќе било познато дека Бетовен го губи слухот.

(Immortal Beloved)
игран филм, Велика Британија / САД
1994, 121 мин., колор, 35 мм

режија: Бернард Роуз (Bernard Rose);
сценарио: Бернард Роуз (Bernard Rose);
улоги: Гери Олдман, Изабела Роселини, Jерун Крабе, Валерија Голино, Јохана тер Стиге (Gary Oldman, Isabella Rosellini, Jeroen Krabbé, Valeria Golino, Johanna ter Steege).

Added by kinoteka on January 28, 2013

Interested 1