Проекции: 10 и 12.02.2013 (недела и вторник), 20.00 часот
„Бакнежот на пеперутката“
Ексцентричната и налудничава Јунис скита по патиштата и бензиските пумпи на северот од Англија во потрага по својата љубовничка Џудит, при тоа жнеејќи жртви како од шега. Се запознава со Миријам, сугестибилна и наивна девојка која избегала од дома, и тие двете стануваат нераздвојна и опасна двојка. Веднаш е јасно дека Јунис е лидерот - таа одлучува кого ќе убие и каде ќе убие, додека Миријам слепо ја следи во сите постапки. И двете жени претчувствуваат дека нивното однесување ги вовлекува во се’ поголема неволја, но нивната љубов една кон друга, како и нивната упорност да расчистат со машката дискриминација, во стилот на Телма и Луиз на Т.Скот, им даваат сила за да продолжат понатаму, се` до неизбежниот трагичен крај.
„Бакнежот на пеперутката“ е прво кинематографско остварување на Винтерботом.
(Butterfly Kiss)
игран филм, Велика Британија
1995, 88 мин., колор, 35 мм
режија: Мајкл Винтeрботом (Michael Winterbottom);
сценарио: Френк Котрел Бојс (Frank Cottrell Boyce);
улоги: Аманда Пламер, Саскија Ривс, Кејти Џејмисон (Amanda Plummer, Saskia Reeves, Kathy Jamieson).
Added by kinoteka on January 28, 2013