Австриецот Клаус Шнајдер, ранет во Првата светска војна, се опоравува благодарение на лекарската помош на др. Бетлхајм. Докторот открива дека Шнајдер има моќ да ја предвиди иднината и со тоа да му помогне да ги предвиди постапките на пациентите склони кон самоубиство.
По војната, со својата љубовничка и со менаџерот Шнајдер, сега под името Ерик Јан Ханусен, Клаус пристигнува во Берлин и организира низа настапи во кои јавно ја предвидува иднината на присутните. Секогаш ја кажува вистината, па на нацистичките челници им го привлекува вниманието со своите изјави. Го предвидува нивниот подем, но и насилството со кое ќе се послужат за да дојдат на власт. Ризикува да биде отфрлен, но смета дека владејачката партија му е должник. Сепак, не може да го игнорира тоа на што и природната дарба му укажува – дека и таквата лажна благосостојба има крај. Дали умее да си ја предвиди и својата судбина?
Hanussen/ 1988 година
Унгарија/ 35мм/ 140`
Режија: Иштван Сабо
Сценарио: Петер Добаи, според автобиографијата на Ерик Јан Ханусен
Улоги: Клаус Марија Брандауер, Ерланд Јозефсон
Added by kinotekamk on April 17, 2010