Проекции: 19.04.2012 (четврток), 20.00 часот
СКОПСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ - ЦИКЛУС ТАРКОВСКИ
„Андреј Рубљов“
Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови. Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност...
Andrei Rublev
игран филм / 1966 година / 165 минути / црно-бел / 35 мм
Русија
режија: Андреј Тарковски;
сценарио: Андреј Тарковски, Андреј Кончаловски (Andrey Tarkovskiy, Andrey Konchalovskiy);
улоги: Анатоли Солоницин, Иван Липков, Николај Гринко (Anatoliy Solonitsyn, Ivan Lapikov, Nikolay Grinko).
Added by kinoteka on April 2, 2012