Проекции: 04.03.2012 (недела), 20.00 часот
ЦИКЛУС АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛМ И ПРАВОТО
„Анатомија на едно убиство“
Фредерик Манион, полковник во американската армија е уапсен за убиство на сопственик на кафеана. Во своја одбрана, тој вели дека убиениот ја силувал и претепал неговата сопруга Лаура. Адвокатот Пол Беглер, задолжен за одбрана на полковникот, во текот на истрагата сфаќа дека си има работа со мошне проблематичен човек, насилен и посесивен, кој е во брак со доста промискуитетна жена. Тие факти, всушност, се на штета на обвинетиот, и Беглер знае дека обвинителството обемно ќе ги користи за да го добие случајот. Беглер има малку адути да ја подготви одбраната.
„Анатомија на едно убиство“
(Anatomy of a Murder)
игран филм / САД / 1959 година / 160 минути / црно-бел / 35мм
Режија: Ото Преминџер (Otto Preminger);
Сценарио: Вендел Мајс, Џон Велкер (Wendell Mayes , John D. Voelker);
Улоги: Џејмс Стјуарт, Ли Ремик, Бен Газара (James Stewart, Lee Remick, Ben Gazzara).
Added by kinoteka on March 1, 2012