Прифатен како еден од најоригиналните филмови на Вендерс и често споредуван со „Детето“ на Чаплин, „Алис во градовите“ е првиот филм што Вендерс делумно го снима во САД. Во 1974 година филмот ја добива Наградата на германската критика.
Филип е германски патувачки репортер, кој по случајната средба со една необична Американка, колебливо се согласува да и` биде привремен старател на малата Алис. И додека ја бараат бабата на Алис низ европските градови, меѓу него и малата се развива пријателство. На инвентивен и духовит начин Вендерс ги претставува влијанијата на американската поп-култура во повоена Европа.
„Алис во градовите“ е првиот филм од „патувачката“ трилогија на Вендерс. Негови продолжетоци беа „Погрешен потег“ (Wrong Move, 1975 год.) и „Кралеви на патот“ (Kings of Road, 1976 год.), каде повторно глуми Рудигер Волер.
Alice in den Städten/Alice in the Cities
игран филм/ ДВД/ 110`
Западна Германија
1974 година
Сценарио: Вим Вендерс, Веит вон Фурстенберг
Директор на фотографија: Роби Милер
Улоги: Рудигер Волер, Јела Ротландер, Лиза Кројцер, Еда Кохл, Ернест Боем
Added by kinotekamk on September 11, 2010