Проекции: 13.05.2012 (недела), 20.00 часот
80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ДАРКО ДАМЕСКИ
„Јад“
Семејна и историска драма што се случува во Охрид, во 11 век, во време на појавата на богомилското движење и на присилната христијанизација на словенското население кое сеуште практикува пагански ритуали, од страна на византиската црква. Старешината Аврам долго време посакува да добие наследник, а молбите, упатени и до словенските богови и до христијанскиот Бог, ќе му донесат не еден, ами два сина. Еден вонбрачен и едн од неговата сопруга. Судбината ќе се поигра со нивните животи и ќе реши кој од нив двајцата ќе му стане наследник на Аврама.
игран филм, Република Македонија
1975, 119 минути, колор, 35 мм
режија и сценарио: Кирил Ценевски
улоги: Сабина Ајрула-Тозија, Олег Видов, Нада Гешовска, Дарко Дамевски, Марга Потоцка
Added by kinoteka on May 11, 2012